| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ му исполни желба на Мајк Тајсон, „железниот“ задоволен (видео)

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ, кој моментално се наоѓа во Калифорнија на Мастерсот во Индиан Велс, во слободното време се дружеше со боксерската легенда и неговата ќерка.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон го замолил Новак Ѓоковиќ да го запознае со неговата 7-годишна ќерка Милан, која има голема желба да стане тенисерка, со што таа би се мотивирала да тренира и поквалитетно да го совладува спортот во иднина.

Видео од поранешниот „тешкаш“ како заедно тренира со ќерка му:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top