| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото монструм од Австрија бара партнерка преку интернет

Австриецот Јозеф Фрицл, кој 24 години ja држеше во заложништво својата ќерка, и притоа ја силувал и со неа има седум деца, сега од затвор преку интернет бара партнерки.

fricl

– Пронајди луѓе од својата околина, најди нови пријатели или голема љубов, е пораката на виртуелната љубовна берза Lovoo, како реклама за својата понуда.

Сајтот има голем број корисници меѓу кои е и Фрицл.

Засега е најсно дали „таткото од пеколот“, како што го нарекуваат медиумите, успеал од затворската ќелија да се регистѕрира во тој сајт.
На својот профил на сајтот Фрицл напишал дека бара „љубов и женска наклонетост“.

Профилот на Фрицл на Lovoo го откриле австриски новинари, но и жена која го побарала администраторот, по што неговиот профил бил деактивиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top