Јозеф Фрицл, озлогласениот австриски монструм кој ја силувал својата ќерка и со неа имал седум деца и 24 години ја држел во подрумска зандана – најверојатно имал уште еден таен подрум во својата гостилница.
Австриските медиуми информираат дека случајно, 8 години откако Фрицл беше осуден на доживотен затвор во психијатриска институција во неговата гостилнице се пронајдени други простории во кои најверојатно ја чувал својата ќерка..
До откритието е дојдено сосема случајно, кога градежни работници, при прегледувањето на угостителскиот објект кој Фрицл и неговата сопруга Розмари со години го воделе во малото туристичко место Унтерах ам Мондзе, сфатиле дека еден од ѕидовите на објектот е лажен.
Зад ѕидот нашле претсобје, од кое скали воделе повторно „никаде“, во уште еден ѕид. Хелмут Л., кој сега ја изнајмува гостилницата со простор за кампување, исто така потврдил дека „во куќата насекаде има шуплини“.
Сегашниот сопственик на гостилницата нарачал мерење на објектот кога се утврдило дека гостилницата која Фрицл ја држел од 1972 до 1996 никогаш не добила градежна дозвола.
Фрицл ја држел гостилницата во Унтерах до 1996, кога со семејството се преселил во Амштетен, каде направил звучно изолирана зандана до која воделе осум врати. Во неа ја држел затворена својата ќерка Елизабет.
Фрицл својата ќерка ја силувал преку три илјади пати и ѝ направил вкупно седум деца, од кои едно умрело, а три биле заробени со неа сѐ до 2008, кога девојчето Керстин заврши во болница во кома. Елизабет тогаш конечно успеа да го пријави својот татко и да ја открие морничавата приказна на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.