Да се симнат обвиненијата за незаконско збогатување против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак – нареди судот во Каиро. Но тој и натаму ќе остане во затвор затоа што му се суди и за други дела,. Така барем тврдат британските медиуми, повикувајќи се на извори од судот и службите за безбедност.
Ова е втората судска одлука за ослободување на 84-годишниот Мубарак. Претходно неделава судија одлучи тој да биде пуштен на слобода под гаранција за предметот за неговото претпоставено соучесништво во убиствата на демонстранти за
време на востанието од почетокот на 2011 година. По оваа одлука, меѓутоа, тој не излезе на слобода заради другите обвиненија, вклучувајќи го и она за корупција.
Денешниот предмет пред Апелацискиот суд беше разгледуван во затворот „Тора“, каде Мубарак беше вратен од болницата по видливото подобрување на неговата здравствена состојба. Главниот обвинител на Египет, назначен од претседателот Мухамед Морси, уште денеска ја обжали втората одлука за ослободување на Мубарак, рече извор од службите за безбедност.
На првиот претрес за убиствата на демонстранти, експретседателот и поранешниот министер за внатрешни работи Хабил ел Адли беа осудени на доживотен затвор. По ова, меѓутоа, Врховниот суд на Египет нареди повторно разгледување на предметот. Новиот процес беше одложен за неопределено време, затоа што минатата недела претседателот на судскиот совет се иззема од случајот, потсетуваат агенциите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија