Kомплетно ќе се реконструира кино салата во општина Вевчани, информира денеска градоначалникот Цветомир Угриноски.
Приоритет, според него, ќе бидат бината, подот и соблекувалните, а ќе се промени и осветлувањето, греењето и седиштата.
– Бината, подот и соблекувалните се во лоша состојба, професионални културно-уметнички друштва тешко прифаќаат да играат на таков под. Тоа ни е приоритет. Целосно ќе биде заменета и старата електрична инсталација и ќе направиме осветлување во нов модерен стил, а ќе се менува и системот за греење, изјави Угриноски.
Со тоа, нагласи, Вевчани ќе добие модерна кино сала со околу 400 седишта во која ќе се изведуваат претстави, ќе има фолклорни настапи и ќе се прикажуваат филмови.
За реконструкција на кино-салата обезбедени се средства од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.