Домашните екипи имаа максимален учинок во премиерната ноќ од плејофот во НБА лигата. Нјадраматично беше во „Пепси“ центар, во Денвер каде Нагетс салвеа со 97-95 против Голден стејт, со кошот на Андре Милер на една секунда до крајот. Иако беше резерва, Милер беше убедливо најефикасен во победничкиот тим со 28 поени. Стартерите на Денвер имаа очаен шут за тројка и од 11 обиди не погодија ниту еднаш, но Милер ги извади со прекрасниот кош во самиот финиш. Со тој потег бекот на Нагетс е број 1 на првото издание на најдобрите 10 моменти во плејофот.
Лос Анџелес клиперс лесно го победија Мемфис со 112-91, а до стартниот триумф во серијата до 4 победи ги предводеше Крис Пол со 23 поени и седум асистенции. Уште седуммина кошаркари покрај него имаа двоцифрен број на поени, што беше гаранција за лесна и убедлива победа. Кај Мемфис, кој лани беше елиминиран од истиот противник со 4-3, Џерид Бајлес постигна 19 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)