Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во рамките на планираните активности за популаризација на книгата и серијата настани посветени на светската книжевност, го претставува третиот настан насловен „Човекот зад митот, државата зад човекот: Шандор Петефи и унгарскиот романтизам“.
Овој настан НУБ го организира во соработка со Здружението на Унгарците во Р. Македонија – Телeдом. Осврт за унгарската книжевност ќе има професорот Гара Петрила Атила, кој ќе зборува за националниот празник на Унгарците што се прославува на 15 март, како и за творештвото на Шандор Петефи.
Шандор Петефи е исклучително важна фигура во унгарската книжевност и, воопшто, во унгарската култура. Освен излагањето на професорот Петрила, ќе имате можност да слушнете и неколку песни од познатиот поет Петефи, во оригинал на унгарски и во препев на македонски јазик.
Освртот ќе се одржи на унгарски јазик, а преводот на македонски јазик ќе биде од Јожеф Шутуш, претседател на Здружението на Унгарците во Р. Македонија – Теледом.
Како што беше најавено уште на првиот настан, во Библиотеката, во текот на целата 2016 година континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од капиталните издавачки проекти на Владата преведени на македонски јазик, како и други изданија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.