Екипата на Наполи сосема заслужено славеше минимална победа на гостувањето кај Палермо и ги задржа шансите за титулата оваа сезона во Серија А лигата. Сицилијанците не делуваа дораснати на еден од најдобрите тимови во лигата, па „наполитанците“ сосема заслужено триумфираа со голот од пенал на Игуаин, во мечот во кој создадоа уште неколку одлични шанси. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не се најде во стартниот тим на Палермо, а од новиот тренер Новелино доби шанса дури во судиското продолжение, па ги одигра само последните четири минути во кои не успеа да стори ништо повеќе.
Со новата победа Наполи повторно ја намали бодовната разлика на табелата и сега е на три бода зад лидерот Јувентус.
Palermo vs Napoli 0-1 All Goals & Highlights… by tony-hoksa1
Лацио ја прекина „црната серија“ од три меча без победа во Калчо-лигата, триумфирајќи над Аталанта со 2-0. Ветеранот Мирослав Клосе беше човекот на одлука, постигнувајќи ги двата гола во второто полувреме.
Lazio vs Atalanta 2-0 All Goals & Highlights… by tony-hoksa1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)