Има многу истражувања за темата прељуба, а добиените резултати биле неверојатни.
Безброј истражувања се направени на темата неверство за да се открие што ги поттикнува луѓето на таквото однесување. И додека поголем број од истражувањата ќе го унапредат нашето размислување на оваа проблематика, некои добиени резултати биле навистина бизарни.
Ова се некои од тие бизарни факти:
Ген за неверство: Истражувањата ја покажале можноста за постоење „ген за неверство“. Впрочем истражувањето спроведено во 2008 година на 552 парови покажало дека машките кои имаат специфичен ген се помалку приврзани за своите сопруги, а резултатите биле уште поекстремни кај машките кои имале две копии од тој ген.
Длабок глас: Машките со длабок глас се склони кој прељуба, покажало едно од истражувањата. Барем доколку се прашуваат жените кои тоа така го оцениле во анкетата. Мажите со длабок глас веднаш биле поврзани со прељуба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.