| четврток, 6 декември 2018 |

Марсиал беше спасителот за Манчестер јунајтед во ФА купот (видео)

vest hem

Екипите на Манчестер јунајтед и Вест Хем се сретнаа попладнево на „Олд Трафорд“ во рамките од четвртфиналето на ФА купот во Англија, и одиграа нерешено 1-1.
Двата тима ќе мора да одиграат уште еден меч овојпат во Лондон на теренот на Вест Хем за да се дознае патникот во полуфиналето.
Антони Марсиал беше спасителот за „црвените ѓаволи“ со погодокот во 83.минута за израмнување на резултатот на овој дуел.
Претходно, Димитри Пајет со одлично изведен слободен удар донесе предност за Вест Хем. сепак, „чеканите“ не издржаа до крајот и пласманот во следната рунда ќе мора да го бараат на домашен терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top