Бранителот на титулата во ФА купот на Англија, екипата на Арсенал, се соочува со дополнителен притисок од навивачите откако денеска во рамките од четвртфиналето од најстарото натпреварување во Европа беше поразена од Ватфорд на домашен терен со 1-2.
„Tопчиите“ одиграа добро прво полувреме, но каната за неискористените шанси стигна во вториот дел. Игало одлично го надмудри Габриел, за потоа да го матира Оспина, а вториот гол за Ватфорд беше ремек дело на Гведиура, кој со „бомба“ од работ на шеснаесетникот ги шокираше домашните фудбалери и навивачи.
Дени Велбек во 87. минута намали на 1-2, а истиот фудбалер само една минута подоцна пропушти идеална шанса да израмни. Арсенал притисна во судиското продолжение, но не успеа да постигне и втор гол, што значеше и елиминација на „топчиите“ од натпреварувањето каде беа бранители на трофејот од минатата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)