| четврток, 6 декември 2018 |

Караван со поволности и изненадувања

Во Валандово на сите присутни гости и потрошувачи им беа овозможени големи поволности и изненадувања. Преку акциски ниски цени и промоции, посетителите имаа повод и причина за многу забава, музика, дегустации и дружење, а голем дел од нив добија и шанса да го завртат добро познатото тркало на среќата и да освојат вредни подароци. За најмладите беше изработено специјално катче за анимирање и фотографирање во рамки од омилените цртани ликови, како и цртање маски на лицата со природни бои.

Минатата година имаше голема заинтересираност кај граѓаните за нашиот карван. Сите посети беа организирани со цел, нашите потрошувачи да ги искористат поволностите и бенефитите што ги овозможува Жито Маркети. Големо е задоволството да им излезете во пресрет на барањата на лојалните купувачи. Интересот кој повторно се појавува како низ директните средби така и фејсбук страната на Жито Маркети е  предвесник за одлична посетеност која ја очекуваме“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор во Жито Маркети.

Следна дестинација на карванот е градот Велес, каде со граѓаните ќе биде прославен 8миот роденден и покрај планираната програма од карванот, ќе има и роденденска забава за одлична атмосфера со добра музика и многу насмевки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top