Овој зачин веројатно го имате во кујната и најверојатно го користите за кифличките и колачите, но тоа не е неговата единствена намена. Кимот не само што е здрав, туку може да ви биде од корист и кога сте на диета.
Најновото истражување покажа дека кимот многу помага при слабеењето.
Во истражувањето во кое учествуваа 88 жени со прекумерна тежина, научниците заклучиле дека жените кои секој ден јаделе по една лажица мелен ким за три пати побрзо ја загубиле тежината од жените кои исто така биле на диета, но не го консумирале овој зачин.
Сите жени во текот на истражувањето го намалиле дневниот внес на калории за 500 и ги следеле советите за здравата исхрана. Меѓутоа, половина од испитаниците јаделе три грама ким во прав, измешан во немасен и незасладен јогурт.
По три месеци, групата која консумирала ким ослабела повеќе. Во просек загубиле по 1,5 килограми повеќе од жените кои не консумирале ким. Освен тоа, за дури 14 проценти им бил намален уделот на масти во телото. Жените кои не јаделе ким изгубиле околу пет килограми, а уделот на масти го намалиле за 4,9 проценти.
Експертите од Институтот за медицински науки во Иран „Shahid Sadoughi“ открија дека кимот помага значително да се спушти и нивото на лошиот холестерол. Научниците овој ефект го објаснуваат со тоа што кимот содржи фитосферол, кој има способност да го апсорбира холестеролот, а содржи и материи кои го забрзуваат метаболизмот.
КИМ И НЕГОВИТЕ ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Ким има многу лековити својства, одличен e , помага при варењето на храната, има благ седативен ефект , ги олеснува грчевите во стомакот , богат со витамини од Б групата, содржи калциум , железо, натриум , фосфор, магнезиум , калиум и селен.
Ciminum , древното име на Ким се претпоставува дека е вавилонско потекло. Се смета за еден од најстарите зачини растенија, неговите останки биле пронајдени во гробниците на фараоните. Се верува дека имаат афродизијачки својства, се смета како природен лек против заборавање со мешавина од мед и ким.
Античките Грци го користат овој зачин толку многу што тие го чуваат на маса, како што ние неизбежно чуваме на маса сол и бибер.
Ние главно го користиме во пекарската индустрија и домаќинствата, ретко како арома салати, па дури и повеќето го користат како чај направен од ким семиња. Во некои земји се користи после јадење за да се спречи лошиот здив. Се верува дека и помага на жолчката за подобра функција.
Семеињата од кумин имаат долга историја за користење во куњата како природен лек повеќето нарушувања на варењето на храната , има благотворно влијание врз дигестивниот тракт, го подобрува апетитот. Често се користи за да се подобри лактација кај доилките, и нив им се препорачува да го џвакаат семето од ким или да пијат чај од оваа ароматична семка. Исто така се користи за третман на бронхитис , кашлица, настинка како чај или сируп.
Ако немате навика за користење на овој зачин, се препорачува да започнете веднаш да го користите, особено кога правите некакво пециво, погача и слично, потоа можете да го ставате во тешки јадења, во свежи и сезонски салати. Само со конзумирање на неколку семиња од ким ќе се ослоботите од подуеност и ќе се осеќате подобро после јадење.
Се препорачува да се користи во пекарството, слободно да се користи при приготвување на тешки јадења поради подобро варење на храната, како зачин во свежите и сезонските салати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.