Повисоки пензии, бесплатен автобуски и железнички превоз, бесплатен викенд и бањска рекреација, скијање и возење со жичарницата на Водно. Ова се само дел од поволностите кои ги користат околу 300 илјади пензионери. Имаат и намалени цени на лековите, а они кои земаат ниски пензии, бесплатно се лекуваат. Со низата мерки кои се преземени за зголемување на нивниот стандард, пензионерите се задоволни. 4 пати неделено, односно во вторник, петок, сабота и недела имаат право на бесплатен автобуски превоз. Секој втор викенд од месецот, бесплатно патуваат со воз.
Покрај превоз, пензионерите можат бесплатно да се рекреираат . До сега речиси 33 илјади и користеле бесплатна бања. За оваа година, се очекува мерката да ја искористат уште 5,500 пензионери. Имаат право и на бесплатно возење со жичницата на Водно. Ваквите поволности им носат големи заштеди, но она што е најзначајно за нив – е зголемувањето на пензиите. Затоа Владата и годинава им вети уште едно – 5% зголемување.
-За оваа година , септемвристките пензии ќе бидат зголемени за уште 5%. Ова 2006 та , најниската пензија е зголемена за 94%, а просечната за 79 отсто , изјави Никола Груевски
Во 2006 та година најниската пензија изнесувала 4,330 денари, додека годинава –истата ќе изнесува 8400 денари. Прочената пензија од 7,680 денари во 2006 та годинава изнесува 12.500 денари. Во моментов, со намалување на пезниите во Србија – просечната пензија е највисока од регионот,. Со 202 евра во просек, македонскиот пензионер е подобро платен од оној во Албанија, Бугарија, Боосна и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)