Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против единаесет лица (седумина од Велес и четворица од Скопје): С.П. (49) за – “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување службена исправа“ додека против С.Ј. (57), Т.А. (64), Б.Т. (77), В.Г. (78), Ѓ.С. (78), С.Т. (59), Б.К. (47), М.А. (45), А.К. (54) и С.В. (64) за “помагање“ в.в „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот во својство на службено лице лиценцирано за извршување стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на Друштвото за консалтинг услуги во шумарството „ЕКО ФОРЕСТ“, во временскиот период 2012/2014 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што спротивно на одредбите од Законот за шуми, постапувајќи по Барања за издавање одобрение за сеча, поднесени од останатите пријавени лица, не излегол на лице место во шума (катастарски пацели во општините Дреново, Блаце-Кале, Степанци, Раштак, Капиново, Поменово и Дивље) и не извршил означување на стебла за сеча. Дополнително, на едно лице и на двајца од пријавените М.А. и С.В. им издал записници во кои навел дека се исполнети условите за сеча на огревно дрво, а на девет од пријавените лица им издал евидентни картони во кои внел невистинити податоци за возраст, смеса, бонитет, податоци за степен на очуваност на дрвото, квалитет и друго.
Врз основа на така внесените невистинити податоци во издадените записници и евидентните картони, С.П. изготвил и со својот потпис и печат на правното лице „ЕКО ФОРЕСТ“, заверил и издал Одобрениjа за сеча на другите пријавени лица, а потоа врз основа тие одобренија, изготвувал и издавал испратници со невистинита содржина заверени со печат и потпис, со цел истите да извршат легален транспорт и продажба на бесправно исечените огревни дрва од туѓа шума на трети лица.
По основ на наплата за наводно извршена ознака за сеча С.П. противправно се стекнал со износ од 267.600 денари, при тоа согласно Правилникот за висината на цената за штети во шума, според кои за огревно дрво бука висината на штетата изнесува 7.000,00 денари за 1 м/3, ја оштетил заедницата за износ од 3.658.900 денари за вкупно исечена и изнесена дрвна маса во количина од 522,70 м3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?