| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионерите во Македонија задоволни

penzioneri

Бесплатен железнички превоз, бесплатен автобуски превоз, бесплатна бањско климатска рекреација, зголемени пензии, намалени цени на лекови, бесплатно болничко лекување за пензионерите кои земаат пензија под просечната, повисоки пензии, пишува Лидер.мк

Ова се само дел од мерките и проектите кои се превземни изминативе години, а во насока на подобрување на стандардот на пензинерите. Често пати пензинерите велат дека, за разлика од порано, денес можат слободно да кажат дека се задоволни од плеадата мерки и проекти кои се наменети за нив. Вчера се афирмираше мерката за бесплатен железнички превоз, а над 17 пензионери се возеа со новиот воз на релација Скопје Велес. Проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај за еден викенд се реализира од јули 2014 година.

-До сега овој проект го искористија над 40.000 пензионери и самата искористеност на оваа мерка ја покажува важноста на проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај. Истиот го олеснува движењето на пензионерите, создава можности за нивна социјализација и го подобрува нивниот стандард бидејќи заштедуваат и средства за превоз. Да потенцирам дека сите мажи над 64 години и сите жени над 62 години, имаат можност еден викенд, секој втор викенд во месецот да искористат бесплатен превоз во железничкиот сообраќај само со покажување на својата лична карта да добијат беспатен билет, вели Диме Спасов, заменик министер за труд и социјална политика.

“Ова е уште еден потег многу позитивен кои што го прифатија скоро сите пензионери во Македонија посебно оние кои што имаат поврзаност со железничкиот сообраќај. Ова не само што наиде на добар прием кај пензионерите кои што имаат можност еднаш месечно да се возат со овој модерен воз туку и со нивните пријатели, бидејќи придонесува за нивно зближување, социјализација, размена на мисли, да бидат порасположени од држењето кое што ќе го имаат за време на патувањето. Владата ги реализира речиси сите заложби кои што ги имаме, сите проекти по наше барање, еве тие проекти продолжуваат и оваа година“ вели Драги Аргировски, претседател на Сојуз на здруженија на пензионери.

Проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација годинава треба да опфати нови 5.500 пензионери

Проектот за бањско климатска рекреација оваа година, според одлуките на Владата на Република Македонија, треба да опфати нови 5500 пензионери.

-Досега околу 32.600 пензионери ја искористија оваа можност за бањско климатска рекреација на трошок на државата и тие се многу задоволни. Јас во неколку наврати имав можност да ги посетам, да поразговарам со нив, да видам како се одвиваат работите. Тие искажаа висок степен на задоволство и токму затоа Владата го продолжи овој проект и за оваа година. Проектот опфаќа шест полни пансиони во кои влегуваат три оброци во денот, бањска терапија и повеќе други работи што влегуваат во севкупниот ангажман, вклучително и надзор на лекар и постојани прегледи за оние на коишто тоа им е потребно, посочи Груевски.

За 5 % ќе се зголемуваат и пензиите

За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти со кое од доаѓањето на оваа Влада во 2006 година најниската пензија е зголемена за 94 проценти, а просечната за 79 отсто. Според економистите ова претставува огромно зголемување на пензиите.

-За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти кое ќе биде со септемвриската пензија што се зема на почетокот на октомври кога околу 300.000 пензионери практично ќе земат покачена пензија. Гледано така, од 2006 година кога дојдовме во Владата, вклучувајќи го и зголемувањето сега во септември, ќе имаме вкупно зголемување на најниската пензија за 94 отсто, а на просечната пензија за 79 отсто, што е огромно зголемување.

Најниската пензија од 2006 година зголемена за 94 отсто, просечната за 79 проценти

Груевски изјави дека на пример пензионер кој во 2006 година земал најниска пензија, односно 4.300 денари, веќе во октомври годинава со најновото зголемување ќе зема 8,400 денари пензија, што, како што рече, е без малку двојно.

Додека во опкружувањето се намалуваат пензиите, кај нас пензиите растат.

Во 2006 година најниската пензија беше 4.330 денари, а во 2014 година изнесува 7.620 денари, што е за 76 отсто повеќе. Исто така, просечната пензија од 7.680 денари во 2006, годинава се качи и изнесува 12.455 денари, за 62 отсто повеќе, што значи во Македонија просечната пензија изнесува 202 евра. Ваков износ на просечна пензија има сега Србија, но со нивното намалување сигурно ние ќе бидеме понатаму подобри во тој просек. А сега сме подобри од Албанија, Бугарија, БиХ, Косово и други земји, забележува Аргировски.

-За пензионерите тоа значи многу бидејќи тие издржуваат една до две генерации. Што е поголема пензијата тоа е подобро за нив и што е поголем бројот на вработувањето тоа значи многу бидејќи на тој начин повеќе пари ќе остануваат за пензискиот живот. Ако се вработи човек автоматски тој остава повеќе пари во семејството, за животот на пензионерите и поголеми средства и за пензискиот фонд и за здравствениот фонд, вели Аргировски

Последните години интезивно се работи и на развивање на вониституционални форми за грижа и помош за старите лица, како услуги за дневно и привремено згрижување за старите лица, домашна нега, обезбедување финансиска помош и помош во натура што се реализира преку центрите за социјална работа.

Во насока на подобрување на состојбите со институционалната заштита Владата донесе пакет на поволности со цел зголемување на интересот за нови инвестиции, односно изградба на установи за социјална заштита на стари лица како од домашни, така и од странски инвеститори како што се: продажба на градежното земјиште со почетна цена од 1 евро за м² со намена за изградба на установи за социјална заштита на стари лица, намалување на цената на комуналните такси за 95%; обезбедување на поволни кредитни линии со каматна стапка од 5,5 % преку МБПР за изградба на установи за стари лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top