| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во американската амбасада во Берлин

­ Засега неидентификувано лице кое носело куферче е уапсено денеска рано изутрина при обид да влезе во американската амбасада во Берлин, јави дописникот на МИА.

german-police

Лицето на 23­-годишна возраст во влезниот дел од амбасадата влегол со американски пасош и побарал да го обнови патниот документ но откако бил упатен во канцеларијата за конзуларно –  пасошки прашања удрил еден член на обезбедувањето на амбасадата.

Според американската амбасада откако бил совладан и му биле ставени лисици на рацете напаѓачот рекол дека има бомба во куферчето.

Германски експерти за бомби подоцна со помош на робот утврдиле дека куферот не содржел никакви опасни материјали.

Лицето е носител на германски и американски пасош, изјави полициски службеник во врска со настанот по кој напаѓачот е во притвор каде што се прават проценки дали тој треба да добие и психолошка помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top