Засега неидентификувано лице кое носело куферче е уапсено денеска рано изутрина при обид да влезе во американската амбасада во Берлин, јави дописникот на МИА.
Лицето на 23-годишна возраст во влезниот дел од амбасадата влегол со американски пасош и побарал да го обнови патниот документ но откако бил упатен во канцеларијата за конзуларно – пасошки прашања удрил еден член на обезбедувањето на амбасадата.
Според американската амбасада откако бил совладан и му биле ставени лисици на рацете напаѓачот рекол дека има бомба во куферчето.
Германски експерти за бомби подоцна со помош на робот утврдиле дека куферот не содржел никакви опасни материјали.
Лицето е носител на германски и американски пасош, изјави полициски службеник во врска со настанот по кој напаѓачот е во притвор каде што се прават проценки дали тој треба да добие и психолошка помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)