| четврток, 6 декември 2018 |

Надал бил позитивен на допинг-контрола во 2012 година?!

rafael nadal

Француската министерка за спорт, Роселин Башело тврди дека Рафаел Надал не играл седум месеци тенис во 2012 година затоа што бил позитивен на допинг-тест, а не затоа што бил повреден.
Шпанскиот ас вчера изјави дека никогаш не користел допинг и дека ги осудува сите што користат недозволени средства во спортот, а Башело само ден подоцна го обвини некогашниот прв тенисер дека лажирал повреда.

– Во светот на тенисот не се открива сѐ јавно кога некој е фатен како користи допинг. Исто така, не се открива и конечната казна, но сѐ се дознава кога еден тенисер не игра неколку месеци на турнири. Рафаел Надал во 2012 година имаше „голема повреда“ поради која не играше седум месеци, но сите ние знаеме дека тој беше позитивен на допинг-тест – изјави Башело.

Надал моментално се наоѓа на петтото место на АТП-листата, зад Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Роџер Федерер и Станислас Вавринка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top