| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот мора да е доброволен, постојат многу пози – Германија ги учи мигрантите за секс

Во текот на сексот не е важна само правилната техника, туку е важно и да водите сметка за чувствата и желбите на партнерот, да сте блиски, како и да обезбедите соодветна атмосфера, наведува интернет порталот „Занзу“, кој служи за информирање на бегалците во Германија.

– Сексот може да се практикува само со взаемна согласност и ако за тоа се чувствувате подготвени, стои меѓу другото во прирачникот што го објави порталот под наслов „Моето тело во слики и зборови“, кој содржи информации за сексуалните пози и техники, но и за хомосексуалноста.

Станува збор за проект на германскиот Федерален центар за здравствено образование, кој има за цел да ги упати мигрантите во тајните на сексуалноста и љубовта.

Освен што нудат информации дека „сексот е повеќе од сексуален однос“ или дека „дел од сексуалниот чин меѓу другото е и бакнувањето, галењето и оралниот секс“, авторите на прирачникот детално ги опишуваат и сексуалните пози, различните техники, користењето на некои делови на телото, а за да нема грешки текстот е пропратен и со цртежи.

– Можете да ги стимулирате брадавиците и анусот на партнерот со јазикот, се наведува во едно од упатствата. – За вагиналниот сексуален однос можете да користите и објекти, како што е вибратор, стои во друго.

Прирачникот, кој е напишан на 13 јазика, меѓу кои и на арапски, турски и руски, е поделени во категроии: тело, планирање, семејство и бременост, инјекции, сексуалност, односи и чувства, права и закони.

Весникот „Зидојче цајтунг“ наведува дека идејата за ваков прирачник потекнува од Белгија. – Бегалците кои не престојуваат долго во Германија, тука имаат можност на дискретен и непосреден пристап до знаења од оваа област, објасни Елке Фернер од германското Министерство за семејство.

Во прирачникот, пред се, се укажува на тоа дека секусалниот однос треба да биде доброволен чин.

– Не постојат правила кои дефинираат што е добар секс, а што не. Претставите за тоа се разликуаат од човек до човек, се објаснува во текстот.

– Разговарајте за тоа до каде сакате да одите. Не морате да правите се, ниту во се да уживате, гласи една од препораките во прирачникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top