| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар Башевски доби награда за најдобар преведувач од Српскиот ПЕН центар

Наградата на Башевски му се доделува за неговите преводи на книги на современи српски писатели во изминатите неколку години.

Управниот одбор на Српскиот ПЕН центар донесе одлука на Димитар Башевски да му додели Награда за најдобар преведувач на српската книжевност во 2015 година.

Наградата на Башевски му се доделува за неговите преводи на книги на современи српски писатели во изминатите неколку години. Ќе му биде врачена на свеченост во Белград, на крајот на мај оваа година.

Димитар Башевски (1943) завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“, а сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Тој е поранешен претседател не Македонскиот ПЕН центар, а во Друштвото на писателите на Македонија членува од 1969 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top