Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски објави нов скандал во кој е вмешан опозицискиот лидер и струмички градоначалник Зоран Заев. Јакимовски изјави дека Заев на ливче му барал 250.000 евра.
-Вие ќе зборите за криминал, оној што ви е во Струмица во криминал до гуша, снимен фино и лепо како си бара пари и еве уште еднаш да ви кажам пред вашата камера. Тој истиот ваш лидер, што се вика Зоран Заев, од мене има побарано 250.000 евра во коишто со неговото ракописче – го чувам ливчето, дали го сака оригинал или копија да му го дадам. 50.000 евра за црквата, 50.000 за спортот на село, 50.000 за културата и 100.000 Ромите секој ден го јаделе пред вратата го чекале. И пак уште еднаш ве прашувам, го сакате ливчето во оригинал или го сакате во копија? И ќе се прашате зошто инвеститор од Струмица избега токму заради овие пари што ги бараше вашиот лидер?, рече Јакимовски во обраќањето до координаторот на советничката група на СДСМ во општина Карпош Магдалена Несторовска, која воедно е една од новопромовираните советнички на техничкиот министер во МВР, Оливер Спасовски.
И затоа, нагласи Јакимовски, тие имаат најмалку право да зборуваат за криминал во оваа држава.
-И затоа што оној третиот што таму се слика додека беше претседател на второстепена владина комисија се утепа земајќи мито за да прифати жалба или за да одбие жалба. И вие денес ќе зборувате за криминали. Па што не го прашате имотот што го остварил дали е тоа од 50.000 денари приходи што ги има месечно како адвокат или е како резултат на некое друго што претходно имал. И мислам дека добро е да фаќате други теми, немојте за криминал. Во оваа држава луѓе останаа без работа, се опљачкаа претпријатија, ама се е тоа на грев на СДСМ. Екологија што зборите, тоа ви личи. Ама за криминал не ви личи. И уште озгора да се заканувате. Е па немојте да мислите дека некој ќе ви ќути. Не Катица, не Фатиме, кого сакате пуштете. Немојте да мислите дека некој ќе ве спаси или дека некого сте уплашиле. Премногу сте умачкани преку глава во криминали. А не дај боже да зборуваме за она што значи резултати. Пред извесно време ви ги соопштивме. Колку општина Карпош има проекти, на половина од тоа имаат трите ваши општини – Ранковце, Струмица и Куманово, рече Јакимовски.
Ќе си ги прашате ли градоначалниците што ви работат? Они 70% од тендерите ги наменуваат за кертриџи, хартија, средства за хигиена, а само 30% вложуваат во инфраструктура и проекти.
-Е, па, сега, ние парите што ги имаме 80% ги вложуваме во инфраструктура и видете ние сме биле ајдуци, ние сме биле апаши, а тие биле чесните луѓе. И никој не ги прашува каде ви се луѓе парите? Јас да имам лидер како што е Зоран Заев, фатен на дело како си мавта со рачињата како Ал Пачино со цигарчето парите кај батето Вице да ми ги однесете, ќе се скријам и никогаш повеќе за криминал нема да зборувам. И уште имате уста да зборувате и ќе искочите на оваа говорница и некому ќе претите и милите дека некој овде ќе ви се уплаши. А што е најинтересно, зошто вие од СДСМ бегате од ДУИ или бегате од дебати со Стевче Јакимовски? Затоа што ве знаеме што ќе кажете. Криминали, ќе апсите… Што ќе апсите? , рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)