Балетот „Спартакус“ е вистински заштитен знак на Бољшој тетарот. Снимката на балетот „Спартакус“ ќе биде прикажана во недела, 13 март во 16 часот во Синеплекс. Балетот е снимка од 2013 година и е еден од најценетите дела на Григорович.
Приказна за Спартак, пастирот кој станува роб, а потоа и затвореник на римскиот генерал Красус и кој е разделен од својата сопруга Фригија. Ова е еден од најпопуларните балети на Григорович. Извонредни сцени на бунт на гладијатори и робови предводен од Спартакус, приказ на неговата добрина, хуманост и храброст додека го спасува Красус од ослободените робови кои сакаат да го убијат. Следуваат одлични сцени на трупи, кочии кои парадираат, борби и мечувања…
Кореографијата на Григорович, сите тие скокови исполнети со силна машка енергија и даваат единствена енергија на оваа епска драма. Меѓутоа, неговиот интензитет омекнува за време на дуетот меѓу Спартакус и Фригија. Во изведба на најпознатите танчери на Бољшој, од Светлана Закарова, Ана Никулина до Владислав Лантратов, „Спартакус“ е симбол на танчерски стил за време на советската ера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


