Косовската Влада планира да набави модерен скенер, кој би требало да ги спречи опозициските пратеници да внесуваат солзавец во Парламентот и таму да го активираат, нешто што се случуваше на секоја седница изминатите шест месеци.
Во косовскиот Парламент пратениците на опозицијата вчера двапати активираа солзавец, фрлаа ласерски светлосни снопови кон министрите, а премиерот Иса Мустафа го полеваа со вода, по ја напуштија седницата.
Со оглед на тоа што досегашните безбедносни мерки не успеаја да ги спречат пратениците на опозицијата да фрлаат солзавец, Владата одлучи да купи нов скенер за тело, како тие што се користат на аеродромите за откривање експлозиви кај патниците.
Скенерот ќе чини околу 270 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации