| четврток, 6 декември 2018 |

OJO: Немало траги на силување кај починатата девојка од Аеродром

devojkaСпоред првичните резултати добиени од Медицинскиот Институт произлезе дека кај сега покојната девојка која се фрли вчера утрото од девети кат не се констатирани траги на насилен сексуален однос, соопштија од Основното јавно обвинителство.

„Основното јавно обвинителство Скопје започна со спроведување дејствија веднаш по смртта на девојката во Аеродром, која почина откако падна од висококатница. Донесена е Наредба согласно член 247 од Законот за кривична постапка, со која телото на покојната е предадено на Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија при факултет во Скопје за да се направи преглед и обдукција на сега починатата и при тоа да се утврди конкретната причина за смртта на девојката, како и да се изврши дополнително медицинско вештачење на телото на девојката. Наредбата е дадена со цел да се обезбедат траги и докази од кои евентуално би се утврдило постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Силување од член 186 од Кривичниот законик“, соопштуваат од оваа институција.

Истовремено во текот на полициските извиди од страна на МВР  беа извршени разговори со повеќе лица, меѓу кои и мајката на девојката која во своето известување пред надлежни полициски службеници навела дека настанот не бил пријавен во полиција, затоа што во ниту еден момент предходно од страна на нејзината ќерка , сега покојната, не и било кажано дека таа била жртва на насилен сексуален акт.

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top