| четврток, 6 декември 2018 |

Солзавец, ласери и полевање со вода во косовскиот Парламент

kosovo parlament
Пратениците од косовската опозиција денеска два пати активираа солзавец, насочуваа ласерски светлосен сноп кон министрите и го полеаја со вода премиерот Иса Мустафа, по што ја напуштија седницата.


Првиот солзавец е фрлен практично пред да започне седницата, а претседателот Кадри Весељи објави половина час пауза. Три опозициски партии се спротивставуваат на формирањето на Заедница на српски општини, како и на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Другиот солзавец е фрлен по паузата, но и покрај тоа заседанието продолжи, по што опозицијата ја напушти салата.

Опозицијата девет пати од септември досега прекинува собраниски седници со солзавец. Кризата во косовскиот парламент трае повеќе од шест месеци и покрај апелот од меѓународната заедница дека солзавецот и молотовиот коктел не се вообичаени за демократијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top