| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира патот Сопиште – Говрлево

пат

Пред два дена е распишана тендерска постапка за избор на компанија за рехабилитација на патот Сопиште – Говрлево во должина од 8 километри и проценета вредност од 550 илјади евра, најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски одговарајќи на новинарско прашање.

Тендерската постапка трае до 22.4.2016 година. Ова е реализација на едно од барањата на жителите на Сопиште при посетата на претседателот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

-Распишан е тендерот, ќе се гради регионалниот пат, моментално градиме 8 километри, инвестиција од 550.000 евра. Тендерот завршува следниот месец, ќе потпишуваме договор и започнуваме со работа- истакна Мисајловски.

Тој посочи дека доколку се се одвива според предвидената динамика патот ќе започне да се гради за 2 до 3 месеци.

-Таму се гради и канализација, во делот кај што се работи ќе мора да се  заврши, па потоа да се санира- рече Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top