Пред два дена е распишана тендерска постапка за избор на компанија за рехабилитација на патот Сопиште – Говрлево во должина од 8 километри и проценета вредност од 550 илјади евра, најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски одговарајќи на новинарско прашање.
Тендерската постапка трае до 22.4.2016 година. Ова е реализација на едно од барањата на жителите на Сопиште при посетата на претседателот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
-Распишан е тендерот, ќе се гради регионалниот пат, моментално градиме 8 километри, инвестиција од 550.000 евра. Тендерот завршува следниот месец, ќе потпишуваме договор и започнуваме со работа- истакна Мисајловски.
Тој посочи дека доколку се се одвива според предвидената динамика патот ќе започне да се гради за 2 до 3 месеци.
-Таму се гради и канализација, во делот кај што се работи ќе мора да се заврши, па потоа да се санира- рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид
-
Дефект при градба поплави дворови во Тафталиџе и ги остави жителите без вода
-
Патувате за Охрид? Прочитајте ги новите измени во режимот на сообраќај