Повредата што Арон Рамзи ја заработи на дуелот од ФА Купот со Хал воопшто не е наивна и фудбалерот на Арсенал по се изгледа ќе мора да паузира околу шест седмици од терените. Велшанецот влезе во игра во второто полувреме и само десетина минути подоцна се пожали на повреда, па мораше да биде заменет.
Резултатите од лекарските прегледи се очекуваат во текот на денешниот ден, но британскиот весник „Телеграф“ тврди дека тие нема да донесат добра вест за Арсен Венгер. Имено, во таборот на „топчиите“ се свесни дека станува збор за скинат мускул, повреда при која рехабилитацијата трае најмалку 40 дена. Ова значи дека Рамзи ќе пропушти низа значајни натпревари во Премиер-лигата, како и реваншот од ЛШ против Барселона и следниот дуел на „топчиите“ во ФА Купот против Ватфорд (како и наредниот меч во ова натпреварување, доколку Арсенал се пласира во полуфиналето).
Ова е уште еден од бројните проблеми со средниот ред на Арсенал, каде Венгер не може да смета ниту на Вилшир, Казорла, Росицки, Артета и Окслејд-Чембрлен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.