| четврток, 6 декември 2018 |

Феномална вечер за Вестбрук, Кари погодува и од својата половина (видео)

rasel vestbruk

Бекот на Оклахома Расел Вестбрук беше најзаслужен за победата на својот тим над ЛА Клиперс од 120-108 реализирајќи неверојатен трипл-дабл од 25 поени, 20 асистенции и 11 скока.
Неговиот соиграч Кевин Дурант кратко ја искоментира неговата игра. „Исто како на НБА2К (видео игра)“, кратко рече Дурант. Ова е првиот трипл-дабл по 1988 година со над 20 поени и асистенции по оној на Меџик Џонсон.
Кевин Дурант исто така имаше одлична вечер со 30 поени и 12 скока, додека Серж Ибака броеше до 15 поени. Кај Клиперс најмногу се истакна Џеф Грин со 23 поени, Џеј Џеј Редик реализираше еден помалку, додека Крис Пол имаше ефект од 12 поени и 16 скока.

Стеф Кари постигна само 12 поени во триумфот над Јута џез од 115-94, но една од трите тројки на МВП-кошаркарот беше доволна за да се „запалат“ фановите на Голден стејт на синоќешниот натпревар. Кари погоди од својата половина на истекот од втората четвртина, кревајќи ги на нозе присутните во арената на „воините“, уште еднаш докажувајќи дека е способен да погоди буквално од секоја позиција. Тој го заврши мечот со 12 поени и 10 асистенции, Клеј Томпсон беше најефикасен со 23 поени, а за одбележување е дека на оваа средба својот камбек на терените го имаше Игудала, чие присуство значително ја засилува одбраната на актуелниот шампион.

НБА резултати:

Бостон – Мемфис 116-96
Шарлот – Њу Орлеанс 122-113
Филаделфија – Хјустон 104-118
Милвоки – Мајами 114-108
Далас – Детроит 96-102
Феникс – Њујорк 97-128
Сакраменто – Кливленд 111-120
Голден Стејт – Јута 115-94 – See more at: http://sportmedia.mk/kosharka/nba-liga/vestbruk-ekpsplodirashe-protiv-klipers-25-poeni-20-asistencii-i-11-skoka-video#sthash.8btN7Oue.dpuf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top