| четврток, 6 декември 2018 |

Бидете внимателни: се појавија лажни банкомати, а еве и како изгледаат (видео)

Крадците смислија најнов начин како да нѐ ограбат.

Криминалците во Бразил најдоа нов начин преку кој ги крадат своите сограѓани. Тие повеќе не се трудат да кршат и да крадат банкомати со оглед дека тоа бара премногу труд и мака. Исто така, секогаш постои решение и можност да бидат фатени, па искусните бразилски криминалци пронашле ново решение.

Наместо банкоматите да ги „корнат“ од ѕидовите, Бразилците едноставно смислиле еден вид маски, имитации на банкомати со кои го прекриваат вистинскиот банкомат.

b7a3a221477a_sf_4

Корисниците во нив ставаат картички, ќе внесат ПИН  и лажниот банкомат во тој момент ги има сите потребни податоци  за да ве остави без пари на картичката.

Вака софистициран метод на грабеж на банкоматите во Македонија за среќа сѐ уште го нема. Но секогаш треба да се биде внимателен кога станува збор за употребата на банкоматите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top