| четврток, 6 декември 2018 |

Тоти со овации поздравен на „Сантијаго Бернабеу“: Единствено за што ќе жалам во кариерата е Реал (видео)

Real Madrid vs AS Roma

Италијанскиот фудбалски велемајстор, Франческо Тоти, со овации беше поздравен на „Сантијаго Бернабеу“, при неговото влегување на теренот во 74.минута од средбата против Реал Мадрид. Ова веројатно беше и последниот меч на Тоти во Лигата на шампионите, а фановите го поздравија со стоечки овации и скандирање. Има најави дека Тоти и дефинитивно ќе замине во пензија на крајот од оваа сезона.

– Ова беше многу емотивно, многу убав спомен за мене. Овациите на овој неверојатен стадион значат дека нешто сум му дал на фудбалот. Реал и само Реал е единственото за што жалам во кариерата – изјави Франческо Тоти.


Ovacije za Tottija na Santiago Bernabeu by situacijeliga

Познато е дека во првиот мандат на Флорентино Перез на претседателската функција во Реал Мадрид се обидувал да донесе „принцот на Рим“ во Реал Мадрид, но Тоти останал верен на својата прва љубов. Играчи на Реал тогаш беа: Зидан, Роналдо, Фиго, Бекам, Роберто Карлос итн. Сличен прием, Италијанецот доживеа и пред осум години кога Рома последен пат гостуваше на “Бернабе” во истата фаза од Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top