Римјаните со идентичен пораз од 2-0 и на реваншот со „кралевите“ во Мадрид го завршија својот настап во Лигата на шампионите.
Тренерот на Рома, Лучијано Спалети не го криеше разочарувањето, не од поразот, но од фактот што во неговата соблекувална по пораз владее задоволство.
– Во ред, одигравме добро, и играчите заслужуваат комплименти за одредени сегменти од играта. Но, мора да пораснеме кога е во прашање менталитетот и одлучноста. Кога ќе влезам во соблекувалната по натпревар и ќе видам задоволни фаци, затоа што ќе ги фалат за нивната квалитетна игра, навистина не можам да поднесам. Таквата состојба ми создава болка која не можам да ја поднесам. Играчите мора да разберат дека пропуштаат одлични шанси за добар резултат, а тие на крајот се смеат во соблекувалната – вели Спалети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.