Мадона се помири со тоа дека нејзиниот син Роко (15) не може да го присили да живее со неа. Полека прифаќа дека го губи старателството и дека Роко сака да живее со Гај Ричи во Лондон.
– Нема поголема љубов од љубовта која една мајка ја чувствува кој својот син. Се надевам дека мојот Роко ќе ме слушне и ќе сфати колку ми недостасува – рече Мадона на концертот во Оукланд и му ја посвети песната „La Vie En Rose“.
Мадона ги користи сите можни начини да го придобие синот, но и покрај се судот донесе одлука Роко да биде со татко му, се додека не биде донесена конечната одлука.
Борбата за старателство започна во септември, кога Роко ја напушти својата мајка и замина во Лондон да живее со татко му и неговата сопруга. и покрај сите нејзини молби, тинејџерот не сакаше да се врати кај неа. Тој не сакаше ниту да ја слушне одлуката на судот во Њујорк, кој одлучил дека Божиќ мора да го помине со неа.
Нејзините пријатели изјавиле дека се полека прифаќа и се надева дека Роко ќе доаѓа кај неа барем еден викенд во месецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


