Френк Лампард никогаш не ја криел приврзаноста кон Клаудио Раниери, стратегот од кого доби шанса да се избори за место во првиот тим на Челси. Затоа, не е никакво изненадување што англискиот ветеран сега му дава безрезервна поддршка на својот поранешен стратег, кој се обидува со Лестер да ја приреди најголемата сензација од формирањето на Премиер-лигата и да се закити со титулата.
– Му должам се на Клаудио, да не беше тој сигурно ќе немав ваква кариера. Сметам дека тој е извонреден тренер и заслужи многу повеќе од кариерата што ја имаше, ова би можело да му биде наградата што ја заслужува. Сите цело време чекавме Лестер да падне, но јасно е дека тоа не се случува. Овој клуб е на прагот на нешто специјално, нема некои посебни играчи, но тренерот успеа да го извлече максимумот од секој од нив и да оствари резултат. Пресреќен сум за Раниери и навивам Лестер да биде шампион – изјави Лампард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.