| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа реакциите на спонзорите, „Најк“ го раскина договорот со Шарапова

marija sharapova

Руската тенисерка Марија Шарапова веднаш откако откри дека била позитивна на допинг–тест на ОП на Австралија, и сигурно за тоа ја очекува драстична казна, почна да ја чувствува суровоста на бизнисот. Моќните компании бегаат од негативниот имиџ, па така моќниот концерн за производство на спортска опрема „Најк“ реши да го прекине договорот со неа. Според последните објавени информации, тој вредеше 70 милиони американски долари и беше потпишан во 2010 година.

Според списанието „Форбс“, Шарапова од спонзори годишно заработуваше околу 30 милиони долари, но се очекува најголемите спонзорски имиња сега брзо да се повлечат, по најновите вести поврзани со нејзината кариера. Русинката беше магнет за спонзори, како една од најуспешните спортистки, но и нејзиниот прекрасен изглед.

Шарапова синоќа на прес–конференција во Лос Анџелес објави дека била позитивна на „Мелдониум“, примајќи го лекот „Милдронат“, кој е влезен на списокот на забранети суспстанци на ВАДА (Светската антидопинг-агенција) од 1 јануари 2016 година. Како што објави ИТФ, Шарапова ќе биде суспендирана почнувајќи од 12 март, а допрва ќе се одлучи за висината на казната, која може да изнесува од една до четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top