Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски продолжува да дели унапредувања како подароци за неговите партиски колеги и брутално да го партизира министерството. Со новите именувања, Оливер Спасовски уште еднаш му се изнасмеа на Судот во лице и избриша под со судските одлуки, иако, пред само два дена заработи кривична пријава за непочитување на судска одлука – тврди порталот Денешен.
„Денешен“ објави дека со скок од шест места во хиерархијата на МВР во Струмица како помошник на началникот е поставен Танчо Пројковски, инспектор по дрога. Инаку, Пројковски е татко на Даниел Пројковски, еден од првите луѓе во обезбедувањето на опозицискиот лидер Зоран Заев и истакнат активист на СДСМ.
Исто така, вчера Оливер Спасовски донел уште едно партиско решение за унапредување во МВР. Со тоа решение, спротивно на законот, повторно за шест нивоа се унапредува Љупчо Трајковски, инспектор во УБК Штип и партиски кадар, поставен за помошник во СВР Штип. Исто и Љупчо Трајковски е познат како активист на СДСМ во Штип.
Овие две решенија на Спасовски доаѓаат откако пред само една недела техничкиот министер го ангажираше како советник членот на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми, кој стана познат на јавноста со повиците да се лее крв по улиците. На прашањата од медуимите за поставувањето на Адеми, наместо одговор, јавноста доби само молк од Спасовски и од МВР.
Претходно, Оливер Спасовски им подели партиски решенија и на Магдалена Несторовска, на Владимир Пивоваров и на Горан Трајковски, сите партиски функционери на СДСМ без искуство во полицијата. Трајковски преходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество, а сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.
На ангажманот на Трајановски му претходеше поставувањето на Магдалена Несторовска за државен советник за човечки ресурси, која, инаку, е советник на СДСМ во општина Карпош. Владимир Пивоваров, кој исто така влезе во кабинетот на Спасовски, беше дел од комисијата за Безбедност на СДСМ.
Завчера медиумите објавија дека против Спасовски е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неизвршување на судска одлука“ предвидено во член 377 став 4 во врска со став 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Имено, во врска со незаконските именувања и разрешувања на Оливер Спасовски, направени исклучиво по партиска линија, Управниот суд донесе времени мерки кои по жалбите на Оливер Спасовски станаа правосилни. Сепак, Спасовски одлучи да ги игнорира и да не постапува по нив. Станува збор за 29 времени мерки.
Кривичното дело е дотолку посериозно поради фактот што пријавениот постапил спротивно и на член 13 ставови 4 и 5 од Законот за судовите, согласно со кој судските одлуки се задолжителни за сите правни и физички лица и имаат поголема сила во однос на одлуките на кој и да е друг орган и согласно со кој секој е должен да ја почитува правосилната и извршната судска одлука под закана на законски санкции.
Исто така, со ова дејство пријавениот постапил и спротивно на членот пет од Законот за управните спорови, согласно со кој одлуките на судовите донесени во управните спорови се задолжителни и извршни. Максимално заканувачката казна за делото што му се става на товар на Оливер Спасовски изнесува десет години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасовски: За повик на бојкот ќе се оди во затвор
-
МВР место да се фокусира за злоупотреба на службена должност, се грижи кој ги направил фотографиите
-
Спасовски се грижи дали го следат на социјалните мрежи, но не и за расветлувањето на убиството на Саздовски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Kриминалот царува по улиците, a Спасовски се прави слеп