Главните ликови во следниве дест филма се силни, самоуверени, храбри жени кои ги уриваа правате и се бореа против ветерниците.
„Насмевката на Мона Лиза“
Слободоумната професорка Кетрин Ен Вотсон доаѓа во строг приватен факултет за да предава историја на уметност. Соочена со своите конзервативни студентки, се решава да ги мотивира, да ги преиспитаат традиционалните улоги што им ги наметнало патријархалното општестово во кое живеат.
„Ерин Брокович“
Самохраната мајка Ерин Брокович нема диплома за правник, но има доволно храброст да тужи една компанија поради загадување на водата. За овој филм Џулија Робертс освои „Оскар“ за главна женска улога, а филмот испраќа силна порака: Може да оствариме сѐ што сакаме, без разлика колку сме слаби и колку мажите владеат со општеството“.
„Вработена девојка“
Филмот е комедија-драма во која слатката, но итрица Теса напредува во светот на бизнисот. Откако нејзината шефица ќе скрши нога на скијање, Теса на сите начини ќе се обиде да ја искористи шансата и да ја истурка својата кариера со помош на згодниот колега Џек.
„Челични магнолии“
Ова е американска драма со елементи на комедија во која се говори за силното пријателство меѓу неколку жени. Името на филмот кажува дека жените може да бидат посебни како магнолии, а истовремено тешки како челик.
„Коко пред Шанел“
Ова е приказна за младоста на Коко Шанел и нејзиното искачување во врвот на светот на модата. Од престојот во сиропиталиште, преку работата во провинцискиот бар како кројачка и пејачка почетоците на Шанел биле скромни, но ништо не можело да ја спречи во намерата да успее.
„Ѓаволот носи Прада“
Андреа Енди Сакс неодамна дипломирала новинарство и добила работа како заменик-уредник на модно списание. Миранда доминира во светот на високата мода и на своите асистентки им задава невозможни задачи. Но, Енди разбира дека една година работа со Миранда ќе значи дека потоа може да се вработи во кој било магазин. Енди се решава за предизвикот.
„Засекогаш Алис“
Алис е професор по лингвистика на Универзитетот Колумбија и дознава дека има Алцхајмерова болест. Иако по тој податок многу работи ќе се сменат и ќе се најде на вистинско искушение, љубовта е таа која ќе победи.
„Храбрата Мерида“
Одлучна во намерата животот да го живее онака како што таа одбрала, принцезата Мерида одбива да се покори на обичаите и создава вистински мал хаос во своето кралство. Соочена со разни препреки, мора да се потпре на својата храброст за да најде излезе од неволјите.
„Тајниот живот на домашните помошнички“
Дејството на филмот се случува во 60-тите години на 20 век во гратчето Џексон во државата Мисисипи и го следи односот на три неверојатни жени кои развиле необично пријателство и направиле проект кој ги надминува сите општествени правила на тоа време.
„Девојката што ја сакав“
Роберт Редфорд и Барбра Стрејсенд на магичен начин ја прикажуваат љубовта која никогаш не доживува среќен крај. Таа амбициозна со желба да го менува светот, тој хедонист, задоволен со тоа што е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.