| четврток, 6 декември 2018 |

„Жената борец за слобода и македонска државност“ во Музејот на македонската борба

Музејот на македонската борба ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената 8 Март со специјална програма насловена „Жената борец за слобода и македонска државност“.

muzej_na_mak._borba

– Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија, Музејот ќе им оддаде почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија – Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова, соопшти Музејот на македонската борба.

Програмата ќе ја збогатат хорот и драмската секција на ООУ „Вера Циривири Трена“ од Скопје, ансамблот „Македонија“ и студенти актери од Универзитетот за адуиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје.

Специјални гостинки на Музејот на македонската борба ќе бидат офицерки на Генералштабот на Армијата на Република Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top