Во јавноста протече стравотна снимка од австралиска манекенка Беренџер Роуз (27) на која малтретираната жена цела со модринки и рани го преколнува сопругот да прекине да ја тепа.
Тоа што е уште пострашно е дека целото видео го снимил токму Шан Каберт (25) кој на своите пријатели им се фалел дека Роуз му служи да тренира на неа како да е боксерска вреќа.
Насилниот сопруг снимката од малтретирањето ја праќал на своите пријатели, но за среќа се најде некој нормален и целата снимка ја дал на медиумите кои го разоткриле целиот случај.
Познатата манекенка подоцна признала дека насилството трае од моментот кога двојката се венчала минатата година. Тврди дека на почетокот на врската тој бил прекрасен и пристоен, но откако стапиле во брак почнал да ја покажува насилната страна.
-Ме тепаше секој ден. Не застануваше додека целото тело не ми беше прекриено со модринки. Се чувствував како да сум во затвор. Кога му кажав дека и јас имам прав, тој само ми одговори дека јас немам никакви права – раскажала манекенката.
Каберт моментално се наоѓа во притвор поради семејно насилство и поставување на експлозивни направи за Божиќ. Сепак, се уште не познато дали Роуз го пријавила на чуварите на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)