Голден Стејт по само еден меч пауза и изненадувачкиот пораз од ЛА Лејкерс се врати на победничките патеки за 56.триумф оваа сезона.
Покрај победата на Кари и другарите, вечерта во НБА лигата ја одбележеаа поразите на Кливленд и Сан Антонио.
Најдобриот играч на „воините“ Стефон Кари беше најзаслужен за победата на неговиот тим од 119-113 над Орландо. Тоа беше 45.победа по ред пред своите навивачи со што Голден Стејт го урна рекордот на Чикаго Булс од сезоната 1995/96 и сега забрзано итаат кон другиот рекорд на Џордан и компанија, ефект 72 победи и само 10 порази на крајот од сезоната.
Кари повторно беше најдобар на паркетот реализирајќи 41 поен и 13 скока притоа постигнувајќи ја и рекордната 300-та тројка во сезоната. Томпсон, пак, дополни со 27 поени.
Освен рекордниот триумф на Голден Стејт, за одбележување од ноќешната програма се уште поразите на Кливленд и Сан Антонио. Вицешампионот на домашен терен загуби од Мемфис со 103-106, а Спарс се поразени на гости кај Индијана со 91-99.
НБА резултати:
Шарлот – Минесота 108-103
Кливленд – Мемфис 103-106
Индијана – Сан Антонио 99-91
Чикаго – Милвоки 100-90
Њу Орлеанс – Сакраменто 115-112
Далас – ЛА Клиперс 90-109
Г.Стејт – Орландо 119-113
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)