Кога пред точно дваесет години ја здоби планетарната популарност во филмот „Томб рајдер“, актерката Анџелина Џоли стана синоним за убавина и сексапил.
Полни две децении ја сметаа за секс-симбол, благодарение на совршените облини и лице без мана, кои ѝ ги подари мајката природа.
Сините очи, аристократски тен и лице чисто ко солза, во перфектно бело бикини, стана сон на сите мажи, но денес на славната актерка трагите од некогашната убавина речиси и не се гледаат.
Телото со кое можеше да се пофали денес многумина го опишуваат како анорексично, а многубројни се и тие што ја нарекуваат скелет и се загрижени за нејзиното здравје.
Нејзината катастрофална трансформација многумина ја поврзуваат со скандалите што од раната младост ја следеа Анџелина – од поврзување со секта, до морбидни идеи и опсесија со ракот, поради кои ги отстрани дојките и јајчниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.