Кралицата на поп-музиката, Мадона (57) се чини недопирлива, но сепак постојат работи кои може да ја одведат до работ.
Нејзиниот концерт во Нов Зеланд доцнел 90 минути, а тоа многу ги разлутило нејзините фанови, кои сепак и простиле откако таа се „скршила“ на сцената и заплакала поради губењето на синот Роко (15), кој го доби со британскиот режисер Гај Ричи (47).
Роко буквално побегна од својата мајка и замина во Лондон кај својот татко. Мадона преку судски процес се обиде да го врати, но тоа не и појде од рака. Роко останува со својот татко и не планира да и се врати на Мадона. Кралицата се расплаката на сцената во Окленд и на насобраните фанови им порачала дека не постои поголема љубов од онаа која мајката ја чувствува за својот син. Таа во оваа прилика на Роко му ја посветила песната „La vie en rose“.
Иако се помирила со тоа дека синот не и се враќа, Мадона не се откажува од тоа и понатаму да му биде мајка. Како што им изјавила на најблиските пријатели, ќе направи се на нејзиниот син да не му недостига ништо и секогаш да биде обезбеден.
Борбата за старателството започна во декември кога Роко ја напушти Мадона и замина за Англија за да биде со својот татко. Тој тогаш се оглуши на нејзините молби да биде со неа за божикните празници , а ја игнорирал и одлуката на судот во Њујорк дека мора да биде со својата мајка за Божик. На последното рочиште судот им наредил на Мадона и на Гај своите проблеми да ги решаваат надвор од судот и потоа таа прифатила Роко да биде со неговиот татко, но во договорот за помирувањето добила и ветување дека ќе има одредено родителско влијание на одгледувањето на својот единствен биолошки син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија