Чувар куќа (Semperivivum tectorum) е трајна зељаста билка, со висина од 10 до 50 см. Листовите се густо наредени како ружа, зелени, месести и многу сочни, малку издолжени. Од средината излегува цветно стебло со светло црвена боја. Вирее на карпи, зидови, покриви на куќи или пак се одгледува во саксии и дворови.
Има својство да разладува и стега.
Се користи за лекување на рани, испукана кожа, чиреви, хемороиди, прочистување од цревни паразити, болки во уво и грло и шеќерна болест, во вид на чај.
СОДРЖИ: јаболкова и мравја киселина, заедно со нивните соли, танин, смола и др.
ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА: Од чувар куќата се употребуваат листовите свежи или суви.
Чај се приготвува од 1 с.л. издробен свеж лист или 3 к.л. сув лист прелиен со 250 мл ладна вода и се остава да врие десетина минути. Се процедува и се пие во голтки на празен стомак, 1 филџан наутро, а остатокот во текот на денот.
Свежо исцеден сок од листот се става на рани, испукана кожа, чиреви. Неколку капки сок од листот се укапува во заболено уво- лесно ја раствора стврдната ушна маст, го подобрува слухот и ја смирува болката.
Еден грст здробени листови од чувар куќа, 10 с.л. вода, 200 г свинска маст, се варат на тивок оган 15 до 20 мин., веднаш се прецедува и се чува во теглички на ладно и темно место. Добиената маст се става на нагмечени и удрени места, оток, рани, лишаи и др.
За шеќерна болест секое утро се јаде по 1 свеж лист од чувар куќа.
Извор: НМД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.