| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Како што наближуваат изборите, така расте очајот на СДСМ

sdsm stab 5 (Custom)

Како што расте очајот на СДСМ, така се зголемува бројот на лаги со кои СДСМ сака да го покрие стравот од соочувањето со граѓаните и немањето поддршка за неговата деструктивна политика. Даниела Рангелова од Брвеница вчера ја урна кулата од лаги што ја градеше СДСМ. Нејзиниот грев беше дека се вика и презива исто како пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Доволно СДСМ да да фабрикува афера и лажно да обвини за изборни измами – посочи на денешната партиска конференција Димитар Стевананџија од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека откако паднаа во вода евтините манипулации на СДСМ за фантомски гласачи, откако се потврди дека не постојат стотици илјади фантоми, СДСМ почна да го спори тоа што граѓаните во повеќе места, вклучувајќи ја и Брвеница, немаат адреси.

-На јавноста треба да ѝ биде јасно дека тоа е така затоа што во повеќе населени места нема систем на улици. Сите што живеат во овие места затоа се регистрирани на иста адреса која им е дадена од МВР, кое сега е раководено од техничкиот министер Оливер Спасовски. Мене ме обвинија дека на адресата на која што живеам се регистрирани 22 гласачи. Сакам да појаснам дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат моите соседите. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор. Ваквите лаги и манипулации на СДСМ, не минуваат. Сите соседи се згрозени од злоупотребите на СДСМ и јас сум убеден дека за ваквата деструктивна политика ќе добијат соодветен одговор на 5 јуни – додаде Стевананџија.

СДСМ возврати – ВМРО-ДПМНЕ е толку уплашена што се надева дека ќе го оправда изборниот криминал и хаосот со избирачкиот список преку штанцање прес конференции. Откако избирачкиот список стана јавно достапен, излезе на виделина што се правела злосторничката банда и на каков начин спроведувала изборни измами.

Само неколку примери покажуваат дека на една адреса во Скопје се запишани 112 лица, на друга 66, а на трета адреса има 33 лица запишани на иста адреса – велат од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top