
Во последниот натпревар од 28. коло во италијанската Серија А Интер на домашен терен го совлада Палермо со 3-1.
Во првото полувреме беа постигнати три гола. Уште во 11. минута домашниот тим поведе преку српскиот репрезентативец Адем Љајиќ. По 12 минути водството го дуплираше капитенот на „нероаѕурите“, Мауро Икарди, кој го искористи одличниот центаршут на Паласија.
Во самиот финиш на првиот дел гостинскиот тим преку Франко Васкез успеа да го намали резултатот на 2-1.
Сепак, во второто полувреме, и покрај иницијативата на Палермо, по еден брз контра напад на Интер Перишиќ беше прецизен за конечни 3-1 и сигурни 3 бода.
Со оваа победа Интер остана на петтата позиција на табелата, но по киксот на Милан, сега му бега 4 бодови на шестопласираниот градски ривал. Пет бодови заостанува од третата Рома, а два од четвртата Фиорентина.
Резултати од 28. коло во Серија А:
Рома – Фиорентина 4-1
Верона – Сампдорија 0-3
Наполи – Киево 3-1
Торино – Лацио 1-1
Аталанта – Јувентус 0-2
Болоња – Карпи 0-0
Фрозиноне – Удинезе 2-0
Џенова – Емполи 1-0
Сасуоло – Милан 2-0
Интер – Палермо 3-1
Табела:
1. Јувентус 64
2. Наполи 61
3. Рома 56
4. Фиорентина 53
5. Интер 51
6. Милан 47
7. Сасуоло 44 …
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


