Денес се одиграа шест натпревари од 28. коло во италијанската Серија А. Остана уште вечерашниот дуел меѓу Интер и Палермо.
Лидерот Јувентус успеа да го задржи првото место на табелата откако победи на гостувањето во Бергамо кај екипата на Аталанта со 2-0. „Старата дама“ ја контролираше играта од самиот старт. По неколку пропуштени шанси, Барзаљи се снајде во една гужва и ја затресе мрежата на домаќините во 24. минута, со што Јувентус на полувреме замина со поволен резултат.
Во второто полувреме Аталанта влезе похрабро, но Јувентус умешно ја чуваше минималната предност, а дополнително ја отежнуваше играта и лошиот терен на стадионот во Бергамо.
Крај на сите надежи за домаќинот стави Марио Лемина во 86. минута, откако се прошета низ одбраната на Аталанта и го совлада Спортиељо. Буфон уште еднаш покажа зашто е еден од најдобрите голмани на светот, имаше неколку одлични интервенции и продолжи да го зголемува својот рекорд без примен гол.
Јувентус ја задржа предноста од +3 бодови на табелата пред Наполи.
Од друга страна, пак, Милан помина катастрофално на гостувањето кај Сасуоло. „Росонерите“ претрпеа пораз од 2-0 и покрај тоа што домаќинот последните 15 минути од натпреварот ги играше со 10 играчи.
Првиот гол го постигна Алфред Данкан во 27. минута, откако одлично изреагира по едно долго подавање од корнер и со вистинска „бомба“ го совлада Донарума.
Во второто полувреме домаќинот продолжи со одличната игра, беше подобар на теренот, а наградата стигна во 72. минута преку Сансоне, кој по одличното додавање на Врсаљка беше прецизен и му донесе на својот тим водство од високи 2-0.
Пет минути по голот, на 15-тина минути пред крајот на натпреварот, домашниот играч Дефрел заработи втор жолт и мораше да го напушти теренот, но веќе беше касно за Милан, кој мораше да се соочи со својот прв пораз во вториот дел од сезоната. Со овој пораз третото место изгледа како невозможна мисија за Милан, кој заостанува -9 бодови од третопласираната Рома.
Резултати од 28. коло во Серија А:
Рома – Фиорентина 4-1
Верона – Сампдорија 0-3
Наполи – Киево 3-1
Торино – Лацио 1-1
Аталанта – Јувентус 0-2
Болоња – Карпи 0-0
Фрозиноне – Удинезе 2-0
Џенова – Емполи 1-0
Сасуоло – Милан 2-0
Интер – Палермо се игра вечер во 20:45 ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)