| четврток, 6 декември 2018 |

Деструкцијата на дело: Ременски по теркот на Заев “јаде живи луѓе“, остави без работа над 40 лица

Согласно сценариото  кое одамна го обелодени Зоран Заев за бркање од чистачка до министер, неговата министерка Фросина Ременски остави без работа 44 лица. Поради нивни тесни партиски интереси, 44 семејства останаа без егзистенција.

remenski-vrab

Со нејзина најнова одлука  44 хигиеничари од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија останаа без работа. Tоа се 44 семејства повеќето oд ромска националност кои егзистираа од нивниот ангажман како хигиеничари повеќе од 6 месеци изминатиот период во Прифатниот центар за мигранти.

Ременски го чекала моментот да се започне со исплата на хигиеничарите преку министерството и веднаш потпишала договори со сосема други лица односно  наместо досега ангажираните хигиеничари од сега ангажира заслужни активисти- членови на СДСМ.

Деструктивноста на СДСМ секојдневно продолжува. Таа се придржува до ветувањата дадени од Зоран Заев уште во декември 2010 до партиското членство дека дека доколку сакаат да бидат власт ќе влезат тимски од “хигиеничар” до “министер” во секој ресор во државата.

По наредба на Ременски, се избркаа  44 вработени-хигиеничари без никакво образложение во Прифатниот центар за мигранти кај Гевгелија и на нивно место вработува 36 членови на СДСМ  кои ќе ги плаќа министерството за труд и социјална политика. Постои голем револт кај Ромите кои се избркани од работа и најавуваат протести во наредниот период и блокирање на Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија при што, како што ни изјавија, ќе направат целосен застој во Прифатниот центар и ќе спречат да се одржува хигиената во центарот како и да влегуваат и излегуваат лица од него.

Вчера КУРИР ги објави и имињата и фотографиите на лицата кои Ременски си ги вработи преку партија, а за чија сметка над 40 лица беа избркани.

Ова сценарио е на Зоран Заев, а Ременски го спроведува истото на дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top