Некои велат дека годинава која е престапна не треба да се стапува во брак. Можеби според суеверието не се препорачува свадба годинава но тоа пак не значи дека не е добра и за планирање на година на венчавката.Па така Стефан од „Некст Тајм“ е еден од оние кои токму оваа престапна година откри кога ќе застане на лудиот камен.
Имено едниот од близнаците, Мартин, ја обелодени врската со ракометарката Андреа Белеска со која е заедно околу една година, а пак Стефан реши директно да го открие датумот на неговата венчавка со саканата Пенелопа преку една од популарните игри на Фејсбук. Одговорот кој го доби е дека свадба ќе прави на 25-ти јуни 2019 го дина.
Како коментар за резултатот, напиша „така нека биде“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.