| четврток, 6 декември 2018 |

Пластичен хирург вежба на своите ќерки (видео)

plastika
Пластичниот хирург Мајкл Никол првпат ја оперирал својата ќерка Чарм кога имала само 10 години.

Оттогаш Чарм и нејзината сестра Британи, двете 25- годишни се „жива реклама“ на таткото кој ги оперирал неколку пати, зголемувајќи им ги градите и обликувајќи им го носот.

Мајкл Никол и неговата сопруга Пени посвоиле две девојчиња. Тие сега редовно заминуваат во клиниката на својот татко за со ботокс да им го пополни лицето и длабински да им ја очисти кожата.

-Секој втор месец моето лице е на некој третман. Мислам дека ботоксот е многу важен, бидејќи го спречува појавувањето на брчки на моето лице. Исто така добивам ботокс и под пазувите, со што се спречува потењето – изјави Чарм за медиумите.

Воопшто не им смета тоа што нивниот татко им ги оперирал градите, т.е. им ставил силикони.

-Некои луѓе ме прашаа, зарем не ти е чудно тоа што татко ти, ти ги видел градите. Воопшто не. Јас сум негова ќерка и тој ме видел гола додека сум била бебе– изјави Британи.

Скоро сите наши пријатели се на третман кај нашиот татко. Без оглед дали станува збор за операција на гради, липосукција, ботокс или чистење на лице“ – изјави Чарм.

На нивната мајка Пени во почетокот не и се допаднало тоа што нејзините ќерки сакаат големи пластични операции, но со време попуштила. Кога девојките почнале да ја посетуваат клиниката на нивниот татко на редовна база, таа била загрижена дека би можеле да станат зависни од пластична хирургија.

-Долго време се борев со нив, но кога видов колку не го сака својот нос, попуштив- вели таа.

Доктор Никол тврди дека не ги наговорил ќерките на пластична хирургија.

-Пораснаа опкружени со убавина. Нашите автомобили се совршени, нашата куќа е прекрасна и сите наши пријатели се убави– објаснува Никол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top